More

    Белоруската тенисерка Арина Сабаленка минува низ тежок период во животот, кој очигледно оставил голема трага на нејзината психа, но и на нејзината игра

    spot_img

    Белоруската тенисерка Арина Сабаленка минува низ тежок период во животот, кој очигледно оставил голема трага на нејзината психа, но и на нејзината игра.

    По самоубиството на нејзиното момче, хокеарот Константин Колцов, Белорусинката реши да учествува на турнирот во Мајами, но веќе во третото коло доживеа болна елиминација, која тешко и падна.
    Таа беше поразена од Украинката Анхелина Калинина со резултат 6:4, 1:6, 6:4, белоруската тенисерка не се снајде најдобро, а видливата нервоза ја истури на рекетот.

    По победата на Калињина, Сабаленка прво беше вознемирена, а потоа и бесна. Таа го скрши рекетот удирајќи го од подот и нервозна го напушти теренот.

    Сабаленка беше видно фрустрирана додека Калињина мирно го набљудуваше нејзиниот слом.

    Немаше ракување меѓу двете тенисерки, што е практика воспоставена од Украинките по почетокот на војната меѓу Русија и Украина. Украинските спортисти не сакаат никаков контакт со руски спортисти, ниту со спортисти од Белорусија, која ги поддржува руските акции на територијата на нивната земја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img