Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина поради безбедносни причини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја одложи посетата на Украина поради безбедносни причини, соопшти Елисејска палата. 

Исто така е одложен и Француско-украинскиот бизнис совет „Медеф Интернешнл“, што требаше да се одржи за време на посетата на Макрон на Украина.

Макрон на 13 февруари требаше да оди во „симболична посета“ на Одеса, град делумно изграден од Французите, а потоа да го посети Киев.

Претходно украинското министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта, Русија извршила напади со беспилотни летала врз Киев и јужна Украина, при што е ранет најмалку еден цивил, а оштетени се згради и гасовод во речното и морското пристаниште Миколаев.

Share This Article