More

    Претседателката на Унгарија си поднесе оставка

    spot_img

    Претседателката на Унгарија, Каталин Новак денеска поднесе оставка од функцијата.

    – Направив грешка … Денес е последниот ден кога ви се обраќам како претседател – изјави Новак во говорот емитуван на државната телевизија.

    Таа беше под притисок на јавноста откако помилува човек осуден како соучесник за помагање при прикривање на случај на сексуална злоупотреба во дом за деца.

    Најмалку 1.000 луѓе протестираа синоќа во Будимпешта  барајќи нејзина оставка. Унгарските опозициски партии, исто така, побараа таа да ја напушти функцијата.

    Новак одлучи да помилува дваесетина луѓе во април 2023 година, пред посетата на папата Франциск. Меѓу помилуваните лица е и заменик директорот на домот за деца, кој му помогнал на поранешниот директор на домот да ги скрие своите злосторства.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img