На 30.10.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(35) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена и одземена грутчеста материја. Лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.