More

    Премиерот ја коментираше вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта кои сакаат избори

    spot_img

    Премиерот ја коментираше вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта кои сакаат избори. Според Ковачевски, Мицкоски е човек кој со лага сака да прикрие друга лага.

    – Најлошо е кога човек со лага сака да прикрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски. Пред една година шеташе низ Собранието велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа го видовме таа вечер на клиника. Исто така, пред Нова Година кажа дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата за сега да каже дека полукриминални… Не знам каква му е таа реченица – рече Ковачевски кој денеска беше во посета на Преспа.

    Премиерот дури порачува дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е.

    – Не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиениот мандат и својата политичка позиција во политичката партија туку ќе порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е и денес – рече Ковачевски.

    Деновиве актуелна е т.н. „широка коалиција за ЕУ“ и влегувањето на Алијанса во Владата. Додека Алијанса прави внатрепартиски консултации, министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека е созреано времето за„ создавање политички фронт за европската иднина“ алудирајќи и на уставните измени за кои е потребно двотретинско мнозинство.

    – Најлоша услуга што некој може да му направи на овој народ, на оваа држава, е од политички и партиски инаети да прекине некој процес за којшто сме свесни дека е неопходен. Тогаш која е замислата да се создадат такви ситуации во кои би го загубиле најдобриот моментумот во историјата на нашата евроинтеграција. Затоа сметам дека пораката на евроамбасадорот е многу прецизна и многу објективна и сите политички фактори треба да се убедат во тоа дека не смеат да си поигруваат со процеси од кои зависи квалитетот на животот на луѓето, нивната иднина, стабилноста на регионот и државата и сите треба да сносиме одговорност – одговори Османи на новинарско прашање за коментар на пораките на евроамбасадорот Дејвид Гир за реформите и за уставните измени.

    За обвинувањата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за притисоци кон пратениците од неговата партија за да гласаат за уставните измени, Османи рече дека ставовите на опозицијата се шаренолики и неконзистентни и не заслужуваат внимание.

    – Тоа што заслужува внимание е фактот дека процесот на преговори се одвива одлично, дека ЕУ испраќа пораки дека се позитивно изненадени на спремноста на нашата администрација да одговори на барањата и од тоа колку сме направиле овие 17 години во исполнување на критериумите. Потребата за уставни измени е неизбежна, нема да можеме да избегаме од таа обврска – порачува министерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img