More

    Пратеникот Александар Николоски изнесе сомнежи за следење на комуникациите

    spot_img

    Кај нас во ВМРО-ДПМНЕ постои сериозно сомневање дека сме под континуирано физичко следење како опозициски политичари, кое се прави нелегално од одредени структури во безбедносниот сектор во државата – изјави денеска во Собранието пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е член од собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање

    Николоски рече дека може само делумно да информира за тоа што се зборувало на последната седница на Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, со оглед на тоа што извештаите што биле разгледувани се класифицирани како строго доверливи и затоа не може да се споделат детали во јавноста, бидејќи тоа се коси со законот.

    На оваа комсија опозицијата побарала од 4 државни институции (од АНБ, МВР, АР и од Военото разузнавање) извештаи во однос на тоа дали во Македонија нелегално се следат комуникации и дали се произведува софтвер со кој нелегално можат да се следат комуникации. Исто така, бил побаран извештај и во одност за можноста и користењето на тнр. „малициозен софтвер“, со кој може да се следат интернет комуникации, средби, интереси на граѓаните, и врз основа на тие информации, тие да се профилираат и таргетираат.

    – Сите користиме смарт телевизори кои најчесто се поврзани на кабелски оператор и на тој начин, телевизорите се користат за снимање аудио, па дури и видео, и практично со нив може да се влезе во секој дом на граѓаните, како и да се прави профилирање на граѓаните по тоа каде се движат, веб страните кои се отворале, луѓето со кои се гледале и на тој начин се прави цел профил. Не добивме кредибилен демант дека во Македонија не се случува следење на граѓаните со напредни софтвери кои што буквално влегуваат дома – рече Николовски.

    Во Македонија, според пратеникот, бил направен малициозен софтвер од страна на компанијата „Сајтрокс“, но позначајно е дали тој софтвер се користел во земјава.

    Тој го обвини и претседателот Стево Пендаровски дека бил озборувач и ништо друго.

    – Претседателот Стево Пендаровски се претвори во најголемата политичка алапача во Македонија. Во текот на денот по неколку пати се среќава со лица од Агенцијата за разузнавање која, за жал, е под него. Оговараат кој со кого се гледал и што зборувал, а потоа тие информации ги споделува со ваши колеги новинари и најчесто тие информации се невистинити и на тоа му се сведува денот, како што му се сведува денот и на праќање пораки до некои лица, озборувајќи други лица – вели Николовски.

    Пратеникот исто така информира дека како партија ќе побараат од МВР, АНБ и АР да ги декласифицираат информациите, односно да се избрише степенот на тајност – строго доверливо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img