More

    Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Македонија

    spot_img

    Обвинителството во Корча, во рамки на напорите за расветлување на убиството на браќата Мартин и Андреа Олдаши, ја проширува истрагата и во Македонија, јавија албанските медиуми.

    „Обвинителството испрати допис до Министерството за правда на Северна Македонија, во врска со проверката на лицето Фламур Даути, уапсено за дрога во село кај Прилеп, во оваа земја. Поточно од тамошните власти се бара да се дозволи испрашување на затвореникот Даути, со кого жртвите имале контакт. Позитивниот одговор од македонските власти би и помогнал на правдата во истрагата за двојното убиство, за кое сè уште нема сторители“ – наведуваат албанските медуми.

    Двојното убиство се случило во декември 2020 година во селото Шќитас, општина Малиќ, а според истрагите, откако двајцата браќа биле егзекутирани нивните тела биле фрлени во канал за наводнување.

    Според сознанијата, браќата Олдаши биле киднапирани, а потоа убиени со по два куршуми во пределот на главата испукани од пиштол „застава“.

    „Преку оперативни сознанија се дознава дека двајцата браќа Мартин и Андреа Олдаши, се занимавале со криминални активности од областа на наркотици, лихварство, кражби и уништување имот со експлозивни средства, како и помагање при нелегално преминување на границата. Постојат основи на сомненија дека убените и Даути заедно соработувале во шверц на дрога“ – посочуваат медиумите.

    Даути со 53 килограми марихуана, која ја внесол од Албанија бил уапсен од македонската полиција, вечерта, на 8 декември 2020 година кога, како што е потврдено од обдукцијата, во Албанија биле убиени браќата Олдаши. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img