More

    Познато е колкава казна бара обвинителството

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ денеска во придружба на адвокатката Јасминка Билош пристигна во Општинскиот кривичен суд во Загреб, каде  ѝ се суди по повод обвинението за прогонување на Гордана Буљан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, како и за испраќање навредливи пораки до директорката на основното училиште, Љиљана Клингер, пишува „Тпортал“.

    Обвинителството во поднесениот обвинителен акт бара судот да ја осуди Вучковиќ на условна казна од 10 месеци со рок на проверка од три години, јавува „Н1 Загреб“.

    Да потсетиме, обвинителството во мај 2022 година извести дека поднело обвинение против Северина Вучковиќ за две кривични дела наметливо однесување.

    Обвинителството тогаш, не наведувајќи го идентитетот, ниту прецизирајќи ги детали од обвинението, известило дека во обвинителниот акт пејачката се товари дека ги сторила наведените кривични дела на штета на 59-годишна и 65-годишна жена.

    Станува збор за случајот кога Северина Вучковиќ ѝ испратила на Љиљана Клингер, директорката на основното училиште во Загреб каде што учи нејзиниот син, СМС-порака со навредлива содржина во која пејачката напишала дека ќе ја задави со раце.

    Медиумите претходно објавија дека Клингер ја пријавила Вучковиќ за закани, но таа пријава подоцна беше отфрлена.

    Пејачката подоцна призна дека ѝ испратила порака на директорката и дека реагирала како мајка за да го заштити својот син среде битката за старателство над детето која ја води со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ.

    Поради наметливата содржина, пејачката ја пријавила и поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, Гордана Буљан Фландер, откако Северина Вучковиќ во интервју обвинила вкупно 22 лица дека се здружени во мрежа што ѝ ја отежнувала постапката за добивање на старателството над синот.

    Северина Вучковиќ возвратила со кривична пријава против Клингер и Буљан Фландер.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img