More

    Пожарот на танкерот со 640 тони нафта во Балтичкото море е изгаснат

    spot_img

    Пожарот што избувна на танкер со нафта во Балтичкото Море, во близина на германскиот брег, е успешно изгаснат, соопштија денеска локалните власти.

    Во петокот наутро поморската спасувачка служба била алармирана за пожар на бродот „Аника“ под германско знаме, а недолго потоа од бродот ги извлекле сите седум членови на екипажот. Од брегот се гледаше црн чад од цистерната која превезуваше околу 640 тони нафта.

    Најверојатно пожарот избувнал во машинскиот простор или во магацинот и се проширил на преградата на бродот.

    Во петокот попладне експертите утврдиле дека состојбата на бродот е стабилна и властите одлучиле да го влечат до пристанишниот град Росток за да продолжат со гаснењето на пожарот.

    Пожарникарите го прегледале бродот долг 73 метри откако пристигнал во пристаништето и утврдиле дека пожарот е изгаснат, соопшти германската централна команда за поморски вонредни ситуации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img