Пожар избувна во зградата на старата берза во Копенхаген, една од најпознатите згради на данската престолнина, ја проголта нејзината кула, која се урна на покривот. Нема извештаи за повредени.
Снимките во живо од локалните медиуми покажаа луѓе кои носат големи слики од зградата за да ги спасат од пламенот.
Историската зграда, чија кула беше обликувана како испреплетени опашки на четири змејови, беше подложена на реновирање кога избувна пожарот.
Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, повеќе не е сместена Данската берза, туку служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.
„Не пречека страшна глетка. Гори берзата“, пишуваше на профилот на Стопанската комора на социјалната мрежа Икс.
Полицијата во Копенхаген побара од луѓето да избегнуваат возење низ оваа зграда.