Поворката со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница ќе се движи низ градот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Утре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, а денеска по отслужување на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ иконата ќе биде пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде ќе биде оставена за поклонение на верниците, информираа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар. 

Share This Article