More

    Нема да бидеме кираџии во сопствената земја, порача Ахмети

    spot_img

    „Албанците од Македонија ќе постигнат победа најголема во историјата на независноста на оваа држава. Нашата цел, како Албанци, останува иста и сега по 22 години: во 2001 година се обединија во цел фронт за да го променат и за да го унапредат политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Продолжуваме со остварувањето на оваа цел во оваа држава, која е сега и наша, а ние не сме кираџии“.

    Ова синоќа во Тетово го кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети во својот говор за време на потпишувањето на договорот за создавање на таканаречениот „Европски фронт“. „

    Ахмети ја постави претстојната предизборна, но и постизборна активност на „Европскиот фронт“ во еден меѓуетнички контекст со силно нагласување на „целите“ на албанската национална кауза и на албанскиот народ.

    – Нашата цел, како Албанци, останува свежа и неопходна и сега по 22 години: во 2001 година луѓето на оваа цел Арбен Џафери, Имер Имери, Абдурахман Алити, кои се обединија во цел фронт, за да го променат и за да го унапредат политичкиот и правниот статус на Албанците во Македонија. Никогаш не се напушти курсот во остварувањето на оваа цел, курс и кон обединување и соработка. Еве го тој момент се случува и сега, ние сме овде незапирливи и од таа цел не отстапуваме. Околу Европскиот фронт денес се обединети и други заедници, како што се Турците и Ромите. Јас вооопшто не се сомневам во тоа дека Албанците од Македонија ќе постигнат победа најголема во историјата на независноста на оваа држава. Овој Европски фронт ќе биде непобедлив во остварувањето на своите цели сѐ до зачленувањето во ЕУ. Треба да му се придружат и нашите македонски сограѓани – рече Ахмети.

    Ние, додаде тој, навистина сакаме да бидеме самостојни и да ја преземеме оддговорноста дека сме ја прифатиле оваа држава, но и не само дека сме ја прифатиле, туку е таа држава и наша, затоа и не ни сакаме да бидеме кираџии во нашата куќа.

    – Ние водевме војна и во војната победивме политички, дипломатски и воено. Ќе победиме и во историската мисија за зачленување на нашата земја и во Европската Унија. Албанците се заедно и овде е силата на мобилизирањето и на организирањето. Да живее нашиот албански народ!“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img