Повеќето Германци преферираат четиридневна работна недела, а бројот на работни часови да остане ист

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќето Германци преферираат четиридневна работна недела, а бројот на работни часови да остане ист, покажаа резултатите од истражувањето на Институтот Форса и РТЛ.

Станува збор за модел, кој неодамна е усвоен во Белгија. Вработените имаат избор, може да работат или четири или пет дена во неделата, но, бројот на неделни работни часови останува непроменет.

На пример, недела со 40 работни часови, може да се изработи во четири дена од по 10 часа, наместо за пет дена, со осумчасовно работно време.

Белгија го воведе овој модел, затоа што на работниците им се овозможува поголеми флексибилност, слобода, како и ускладување на деловниот и приватниот живот.

Според истражувањето во Германија, 71 отсто од Германците посакуваат ваков модел и во нивната земја. На тоа пак, се противат 22 отсто од испитаниците.

„Белгискиот модел“, најголема поддршка, 81 отсто, доби од возрасната група од 30 до 44 години, како и меѓу високообразовните лица со 75 отсто.

Share This Article