Потребни се дигитализација, стабилни институции и да се искорени корупцијата, порача Македонија 2025

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области – дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон економски развој и сето тоа во насока на постигнување 5% стапка на раст, порачаа директорите на Македонија 2025.

Тие денеска, на прес-конференцијата по првиот панел од Самитот во Скопје, истакнаа дека за да има што повеќе инвестиции од дијаспората во земјава, неопходни се стабилни институции, економски можности за инвестирање и искоренување на корупцијата.

Дијаспората, како што беше речено, засега им помага на домашните фирми за да почнат или да реализираат што поголем извоз, но таа помош и поддршка треба подобро да се канализира.

Еден од приоритетите на кои мора да се работи, нагласија директорите, е и брендирање на државата, на тоа како ќе не препознаваат во светот – како бизнис дестинација, дестинација со одлични образовни институции,…

Тие повторно укажаа и на потребата од подобар образовен систем и инфраструктура, што ќе овозможи да фатиме економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко.

– Инвестициите од дијаспората или наречени директни инвестиции од дијаспора се нешто што оди заедно „рака под рака“ со странските директни инвестиции и веројатно важат истите услови и за дијаспората и за странците дали ќе инвестираат. Условите се знае кои се, стабилни институции, силни институции, да нема корупција и секако, да има економски можности за инвестирање. Од оние што се присутни на Самитот, членови на Одборот, директори,…, тоа се приватни формации и да, инвестирале во Македонија, имаат свои бизниси тука, но уште поважно е дека работат со домашните бизниси, им го трасираат патот во тоа да работат, извезуваат низ целиот свет, а исто така и преку нашата посебна програма „Контектум мк“ или „Поврзете се со Македонија“ голем дел или 90 лица од дијаспората се вклучени во менторирање и работа со домашни компании токму за да им помогнат како да почнат да извезуваат или да го зголемат својот извоз. Дијаспората навистина многу помага, но мислам дека треба повеќе да се канализира таа поддршка и се надевам дека со градење силни институции, дијаспората уште повеќе ќе се вклучи во економскиот и демократскиот развој на Македонија, изјави извршната директорка на Македонија 2025 – Никица Мојсовска Блажевски.

Осврнувајќи се на она што треба да се подобри на институционално и на државно ниво, извршната директорка рече дека некогаш властите имаат слух, а некогаш не.

– Ние сме невладина организација, инвестираме доста време, енергија и средства за да ги направиме работите подобро. Меѓутоа, за да имаме поголем импакт навистина морате да соработувате со владата и со владините институции. Ние правиме обука за наставници во основно образование како да предаваат подобро, да ги заинтересираат децата, меѓутоа ќе обучиме 50 или 100 наставници, а сосема е друг импактот ако ги обучиме сите наставници од основно образование во Македонија – објасни Мојсовска Блажевски.

Васко Кроневски, член на Одборот на директори, потенцира дека иновациите и новите технологии се клучниот начин за економски развој, борба против корупцијата и постигнување раст од најмалку пет проценти.

- Advertisement -
Ad image

– Неопходна е дигитализација на владини услуги за граѓани, на владини услуги за компании, но неопходни се и дигитална писменост за граѓаните и дигитални бизниси. Подготвени сме заедно со владата да им помогнеме на бизнисите да се трансформираат дигитално.  Во голема мера постои начин како државата може да помогне. Постојат многу начини како може да се поттикне развојот на малите и средни претпријатија низ дигитализација. Треба сите да работиме на создавање еко систем за дигитализација на малите претпријатија – истакна Кроневски.

Тој смета дека недостасуваат вистински консултанти кои знаат и ја разбираат проблематиката на секоја од индустриите кај малите и средни претпријатија кои би имале дигитални вештини за да можат да изработат стратегии за развој и да им се помогне да тргнат по тој пат.

– Ни недостасува и свесност кај малите и средните претпријатија, кај претприемачите, за придобивките од дигитализацијата и како таа ќе ги направи поконкурентни на странските пазари и поимуни на влијанието на глобализацијата на домашниот пазар. Зголемувањето на дигиталните вештини исто така. Ова се полиња каде може со регулатива, со најразлични поддршки од државата, низ даночни олеснувања и други придобивки да им се помогне на компаниите за тие да ги реинвестираат средствата во оваа област. Тука сме да зборуваме со државата за најразлични програми и се надеваме дека ќе најдеме разбирање за заеднички партнерски однос за имплементација на некои од овие мерки – рече Кроневски.

- Advertisement -
Ad image

Живко Мукаетов, член на Одборот на директори, се осврна на создавањето квалитетни кадри и укажа дека мора да се инвестира во нови технологии, знаење и вештини.

– Ќе биде многу тешко ако сите ние во својот сегмент на работење не се охрабриме и ако дополнително не внесеме енергија и ресурси, секако, потпомогнати со клима добра за раст и развој. Ако секој во својот дел на делување даде екстра ангажман, а убеден сум дека имаме и ресурси и знаење, ќе можеме да одиме напред и да го следиме приклучокот. Ни треба комбинација од она што ние го даваме и од она што се нови технологии, како и добра, мотивирачка клима работа, со конкретна поддршка на одредени програми за да може да ги поттурнеме работите – оцени Мукаетов.

Директорите на Македонија 2025 најавија состаноци со повеќе владини институции и со идниот мандатар на владата Христијан Мицкоски и неговиот тим. Мицкоски утре, како што е предвидено, треба да го затвори дводневниот Самит.

-Ќе подадеме рака за поддршка и помош во било каква и да е форма – човечки ресурси, знаење, контакти, финансиски средства, навистина сме спремни. Неколку пати упативме пораки дека ова е еден пресврт или може да биде и треба да биде пресврт во нашата економија и развој и дека ние сме спремни тука да одиграме многу конструктивна улога – заклучи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Share This Article