Куче од сортата германски овчар и со име Гантер VI, е најбогат миленик во светот. Тој поседува богатство од 700 милиони долари, во кое се вклучеуни вили во Италија, имот во Германија, имот на Бахамите, приватни авиони и јахта.
Ова богатство потекнува од неговиот предок Гантер III, кој преку тестамент во 1992 година добил дел од наследството од германската благородничка Карлота Лајбштајн.
Благородничката Карлота Лајбштајн основала труст пред нејзината смрт и го оставила своето богатство од 80 милиони долари на своето куче Гунтер Трети. Кучето било доверено на грижата на близок пријател на нејзиниот покоен син, Маурицио Миан, со што започнала изградбата на богатство околу миленичето.
Во документарецот за Гантер детално е опишан животот на ова познато куче кое се третира како член на високото општество. Тој живее во луксузна вила, а поседува имот вредни милиони долари, меѓу кои и имот вреден 29 милиони долари.
Второто најбогато милениче во светот е мачката Нала, која од засолниште за животни стана успешна инфлуенсерка со повеќе од 4 милиони следбеници и сопствен бренд на храна за мачки. Нејзиното богатство се проценува на 100 милиони долари.
На третото место е уште една мачка, Оливија Бенсон, која е миленичка на Тејлор Свифт. Мачката се збогати со појавување во музички спотови и реклами и вреди 97 милиони долари.