More

    Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана, САД, при што ја пробила оградата и 10 минути се движела низ улиците на градот

    spot_img

    Слоница избега од циркус во Бјут, Монтана, САД, при што ја пробила оградата и 10 минути се движела низ улиците на градот.

    На видеоснимките од безбедносните камери и од очевидци, се гледа како слоницата Виола со доста голема брзина се движи по градот, додека циркускиот тренер оди и трча по неа и се обидува да ја смири и скроти.

    Дополнителен проблем бил звуците од возилата во близина што го исплашиле големото животно.

    Откако малку се смирила, Виола продолжила кон блискиот тревник, каде што нејзините сопственици ја пресретнале со приколка каде што имало уште еден, помал слон – за да ја намамат. Виола потоа мирно влегла во приколката.

    Истата вечер, според планираното, слоницата имала точка во циркусот.

    Групите за заштита на животните, по повод овие настани, ги критикуваа сопствениците на слоницата, тврдејќи дека „очигледно принудено да настапува во циркусот“, животното сакало да избега од натамошно тормозење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img