Порно актерката Сторми Даниелс на судењето на Доналд Трамп сведочеше за нивната прва средба и за фетишите на поранешниот американски претседател

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Порно актерката Сторми Даниелс на судењето на Доналд Трамп сведочеше за нивната прва средба и за фетишите на поранешниот американски претседател. Даниелс откри дека Трамп ја сретнал во пижами во неговата хотелска соба во 2006 година и дека  таа го удрила по задникот на негово барање, кажувајќи ѝ на поротата за наводната средба што на крајот ќе доведе до првото кривично судење на поранешниот американски претседател, пренесува Ројтерс

Даниелс (45) рече дека Трамп ја нервирал со неговите чести прекини и дека таа наводно го прашала: „Дали си секогаш толку арогантен и дрзок?“

Таа пред поротата рече дека Трамп барал да го удри по задникот, и таа го сторила тоа.

Трамп го слушал сведочењето на Даниелс од обвинителната клупа.

До средината на утрото, Даниелс сè уште не сведочела за сексуалната врска што наводно ја имала на тој состанок. Се очекува нејзиното сведочење да продолжи и по паузата.

Доналд Трамп (77), републиканскиот претседателски кандидат на овогодинешните избори, е обвинет за фалсификување деловни книги за да прикрие уплата од 130.000 долари на Даниелс со која го купил нејзиниот молк за време на претседателските избори во 2016 година. Тој се изјасни за невин и негира дека имал секс со Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд.

Наводната средба се случила додека Трамп бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија.

Трамп негира каква било сексуална врска со порно актерката.

Share This Article