Поранешни сопружници се степале, па потоа еден за друг поднеле пријава во полиција за физички напад. Инцидентот се случил во нивниот заеднички дом во скопската населба Аеродром.
„На 19.06.2024 во 17.19 часот во СВР Скопје, 44 –годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.00 часот во заедничкиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 47 – годишен сопруг. Исто така, во полициска станица и сопругот пријавил дека бил физички нападнат од 44 – годишната сопруга.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“ – стои во известувањето од МВР.