Поплавите во Јужен Судан погодија 1,4 милиони луѓе и раселија над 379.000 луѓе, соопшти денеска Канцеларијата на Обединетите нации за хуманитарни прашања (OCHA).
Агенцијата на ОН предупреди на повторна појава на маларија во неколку региони погодени од лоши временски услови.
„Маларијата го загрозува здравствениот систем и ја влошува состојбата и влијанието во подрачјата погодени од поплавите“, се наведува во соопштението на агенцијата на ОН.
Јужен Судан се соочува со најголеми поплави во последните децении, особено на северот, наведуваат хуманитарните групи.
Поплавите ги погодија жителите на 43 области на Јужен Судан.