Поплавен остров во Хрватска, граѓаните во шок

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невреме со грмотевици и обилни дождови во петокот навечер поплавија делови од островот Крк. И покрај тоа што се појави сонцето, луѓето на Крк се уште се во шок од последиците на невремето.

„Настрадаа моите култури, кромидот, доматите и компирите. Од механизација на два култиватори. Годинава нема зеленчук“, изјави Иван на репортерката на ТВ „Дневник Нова“, Катарина Јусиќ Мезга.

„За кратко време падна големо количество дожд. Бевме поплавени, штетата ќе ја утврдиме дури кога ќе се ослободиме од водата. Природа е и не можеш против тоа“, изјави Мартина.

Поради невремето на терен излегле и пожарникарите.

„Во текот на ноќта почнавме со испумпување и отстранување на пречките од патиштата. Имавме два одрони од карпи каде што патиштата беа расчистени и отворени за сообраќај. Извадивме два заглавени автомобили“, изјави Горан Грубишиќ, командир на ЈВП на градот Крк.

Речиси 300 мм дожд наврна на Крк во последните 24 часа, а најлошо е на Пониква каде се забележани 274 мм. Во градот Крк паднале 193 мм, додека во Брзац се измерени 109 мм.

Невремето остави белег и во другите делови на Хрватска. Под вода е и Умаг, каде во последните 24 часа наврнале 48,8 мм дожд.

Поради невремето, Државниот хидрометеоролошки завод вклучи метеоролошки аларми низ државата. Сè е жолто, освен регионите Риека и Госпиќ, каде е на сила портокаловиот аларм кој предупредува на пороен дожд и грмотевици.

Share This Article