More

    Поминаа 30 години од масакрот во Маркале

    spot_img

    На денешен ден пред 30 години се случи првиот масакр во Маркале во центарот на Сараево. Од позициите на војската на Република Српска на Мрковиќи кон градот била испукана минофрлачка граната од 120 мм од која на лице место загинаа 68 лица, а 144 беа ранети.

    Маркале беше најпрометниот пазар во Сараево, а за време на војната беше една од местата каде жителите на градот под опсада се снабдуваа со основните производи за живот. Исто така, тоа беше место за средба на жителите на тој дел од градот.
    Беше релативно мирен ден на војна во Сараево во 1994 година. Централниот градски пазар Маркале беше полн со луѓе. По речиси двегодишна опсада, жителите на Сараево се обидоа да водат повеќе или помалку нормален живот.

    Само десет минути подоцна, напладне, војската на босанските Срби изврши напад со минофрлачки гранати од позиција во атарот на селото Мрковиќи, се присетуваат сараевчани.

    На денот на масакрот, Хилмо Зековиќ минувал низ Маркале непосредно пред да падне гранатата.

    – Кога стигнав во близина на куќата на Мејташ, слушнав силна експлозија. Знаев дека се случило нешто страшно, слушнав сирени, бучава… Веднаш се вратив. Тоа беше ужас. Тешко е да се опише тој невиден масакр. Човечки тела беа расфрлани насекаде, без раце, нозе, имаше крв насекаде, викотници, плачење. Слика која никогаш нема да ја заборавам – се присетува Зековиќ за Дневни аваз.

    На тој кобен ден на пазарот во Маркале работела и Јела Хаџиќ, која со вознемиреност се сеќава на стравот што го доживеала на тој кобен ден.

    – Бев таму кога падна гранатата, не разбрав како падна и што се случи. Видов само крв и тела. Брзо се засолнив. Жените почнаа да губат свест од страв и од ужасната глетка – раскажува Хаџиќ.
    Сараевчанецот Самир Фазлиќ во една изјава за Анадулу вели дека само среќата го спасила од масакрот на тој кобен 5 февруари.

    -Беше релативно мирен ден, ништо посебно не се случи. Околу 10 часот бев во градот, а кога си во град, секогаш застануваш на пазар, се гледаш со некои луѓе, се обидуваш да купиш нешто бидејќи цените тогаш сѐ уште беа фасцинантно високи. Бев кај „Вечниот пламен“ кога падна граната. Луѓето кои беа во моја близина во тој момент без размислување се упатија кон пазарот – вели Фазлиќ за ужасните сцените од војната кои го прогонуваат со години.

    – Се слушаа викотници, човечки крици и крв, крв насекаде… Телата беа расфрлани на сите страни, луѓето запираа автомобили,  камиони, сè што беше тогаш во функција за да ги фрлат телата – се присети Фазлиќ.

    За овој масакр пред Хашкиот суд на доживотен затвор беше осуден генералот на Војската на Република Српска, Станислав Галиќ.

    Пазарот Маркале беше цел по втор пат година и пол подоцна, во август 1995 година, кога недалеку од местото на првиот масакр беа убиени 43 цивили.

    Опсадата на Сараево траеше три пати подолго од опсадата на Сталинград во Втората светска војна. Цели 44 месеци или 1425 дена.

    За време на опсадата загинаа 11.541 граѓанин на Сараево, меѓу кои 1.601 дете, а повеќе од 50.000 цивили беа полесно или тешко ранети. Се проценува дека за време на опсадата врз градот биле истрелани над 500.000 проектили, а на најгранатираниот ден, 22 јули 1993 година, биле испукани рекордни 3.777 проектили кон градот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img