More

    Клучна сојузна држава во претседателската трка во САД

    spot_img

    Во трката за републиканскиот кандидат за претседателските избори во ноември во САД, во која се спротивставуваат поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата поранешна амбасадорка во ОН, Ники Хејли, следна станица е сојузната држава Невада, клучната точка во претседателската трка каде конзервативните гласачи и тоа како имаат причина да бидат збунети.

    На републиканците во Невада им е понудена не една, туку две опции: во вторник ќе има класични прелиминарни избори, а во четврток собрание на гласачи (caucus).

    Причината за оваа невидена конфузија лежи во одлуката на поранешниот демократски гувернер на Невада, Стив Сисолак, кој во 2021 година потпиша закон со кој собрание на гласачи се заменува со прелиминарни избори.

    Само во четири држави, Ајова, Невада, Вајоминг и Северна Дакота, одлуката за претседателските кандидати се носи во малку застарени собири на избирачи.

    Разликата е во тоа што прелиминарните избори ги организира сојузната држава и гласачите можат да гласаат каде било, во секое време и на кој било начин, на пример со опција за гласање по пошта. За разлика од тоа, а собранието на гласачи е организирано од партијата и подразбира физичко присуство на гласачот со картичка во рака, на одредено место и во одредено време.

    Но, Доналд Трамп, чии поддржувачи сметаат дека гласањето од далечина е мамење, добро знае дека тие ќе бидат повеќе наклонети кон собрание на гласачи.
    Републиканската партија во Невада, која Трамп целосно ја контролира, се откажа од прелиминарните избори во државата и ќе одржи собрание на гласачи два дена подоцна. Покрај тоа, партијата им забрани на сите кандидати кои ќе учествуваат на изборите во вторник да учествуваат на изборите во четврток.

    Резултатот на тоа е дека Ники Хејли ќе биде кандидат на прелиминарните избори во вторник, но Трамп нема да биде на гласачкото ливче. Доналд Трамп ќе биде кандидат на собранието на гласачи, но Хејли нема да биде противкандидат.

    За нејзина несреќа, само гласачите на собранието ќе одлучат кој ќе ја добие поддршката од делегатите од Невада, а веќе се знае дека Трамп ќе ги стави во џеб. Поранешниот претседател беше обвинет дека ги променил правилата во негова корист.

    – Нема смисла да се учествува на собранието на гласачи. Не можам да гласам за мојата кандидатка. Тие практично ме лишуваат од правото на глас. И тоа се случува во мојата Републиканска партија. Јас сум многу незадоволен – се пожали Чарлс Фрут, поддржувач на Ники Хејли за дневниот весник Лас Вегас ревју.

    – Собранијата на гласачи се затворени и купен одамна. Но, ние ќе се фокусираме на праведни држави – рече Хејли во јануари.

    Оваа контроверзна ситуација во голема мера помина незабележано во САД бидејќи најголемото политичко внимание е насочено на прелиминарните избори на републиканците на 24 февруари во Јужна Каролина. 52-годишната Хејли се надева дека на тие избори ќе ја намали предноста на нејзиниот 77-годишен ривал.

    Прелиминарните избори на Демократската партија во Невада исто така ќе се одржат во вторник, но без голема неизвесност. Џо Бајден е во трка против Маријане Вилијамсон и Дин Филипс, двајца кандидати кои само пополнуваат број. Но, за Невада сепак ќе се зборува на претседателските избори во ноември. Тоа е клучната сојузна држава што Бајден тесно ја освои во 2020 година.

    Позицијата на Бајден е многу покомплицирана четири години подоцна, бидејќи анкетите покажуваат дека тој губи позиции во шпанското гласачко тело, клучно во Невада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img