Полска најави дека ќе го ограничи движењето на руските дипломати на нејзина територија, што веднаш предизвика реакција од Москва

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полска најави дека ќе го ограничи движењето на руските дипломати на нејзина територија, што веднаш предизвика реакција од Москва. Гардијан објави дека Русија најави одмазднички мерки против Варшава.

Британскиот весник наведува дека најавата на полските власти за ограничување на движењето следува по апсењето на неколку лица осомничени дека планирале саботажа и напади во име на руските безбедносни служби.

Се наведува дека новите мерки ќе го ограничат движењето на конзуларниот персонал во регионот на Варшава.

Сепак, овие мерки нема да важат за рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев.

Гардијан пренесува дека Полска исто така објавила дека ќе купи од САД ракети со долг дострел во вредност од 677 милиони евра (735 милиони долари). Варшава планира на тој начин да ги зајакне полските одбранбени капацитети за да можат да се спротивстават на потенцијалните закани од Русија.

Се наведува дека договорот за набавка на ова оружје, кој официјално ќе биде потпишан денеска, е дел од проектот за модернизација на полската армија, која беше забрзана поради руската инвазија на Украина.

Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш и началникот на Генералштабот, Виеслав Кукула денеска ги презентираа плановите за воспоставување и зајакнување на источната граница со Белорусија.

Тие посочија дека Полска е цел на непријателски дејствија на Русија и Белорусија преку сајбер напади и нелегално испраќање мигранти преку границите, што исто така го опишуваат како намери за дестабилизација на ЕУ.

Share This Article