More

    Полска и Бугарија до своите граѓани: Веднаш да ја напуштите Русија

    spot_img

    Владите на Полска и Бугарија ги повикуваат своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат земјата.

    Како што пренесува Гардијан, тоа би можело да биде потег направен во очекување на уште поголеми гужви на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе луѓе бегаат од Русија од мобилизацијата за војната во Украина.

    Во синоќешното соопштение, Министерството за надворешни работи на Бугарија ги повика граѓаните на таа земја „да се воздржат од патување во Руската Федерација“ и ги советува бугарските државјани кои се во Русија „да ја разгледаат можноста да ја напуштат земјата штом можно, користејќи ги моментално достапните транспортни средства“.

    Слично соопштение испрати и полското Министерство за надворешни работи, јавуваат полските медиуми.

    „Во случај на драстично влошување на безбедносната ситуација, затворање на границите или други непредвидени околности, евакуацијата би можела да биде значително потешка, па дури и невозможна. Им препорачуваме на полските граѓани кои се на територијата на Русија да ја напуштат нејзината територија користејќи достапни комерцијални или приватни транспортни средства“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img