More

    Полска ги активира воздушните сили во близина на границата со Украина

    spot_img

    Полска да ги активираат воените авиони за да го осигураат својот воздушен простор во близина на границата, откако Русија рано утринава почна воздушни напади врз Киев и Лавов, соопштија официјални лица,

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека неколку експлозии се слушнале во главниот град откако системи за противвоздушна одбрана биле вклучени во одбивањето на нападот, пренесува Хина.

    – Украинските сили за воздушна одбрана уништија десетина проектили лансирани од Русија врз Киев и во близина на главниот град, -изјави за Телеграм, Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

    Прелиминарните информации покажуваат дека во нападот врз Киев нема жртви или поголема материјална штета, додаде тој.

    Русија со денови ја напаѓа Украина во напади кои Москва ги прикажува како одмазда за украинските напади за време на неодамнешните претседателски избори.

    „Веќе трето утро неделава цела Украина е под воздушна тревога и се советува луѓето да одат во засолниште“ – објави рано утринава американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, на платформата X

    Во големиот напад врз Лавов, руски ракети летаа во близина на границата со Полска, објави украински Телеграм.

    „Полските и сојузничките авиони се активирани, што може да резултира со зголемување на нивото на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“ – соопштија полските вооружени сили на платформата X.

    Русија рано утринава накратко го наруши полскиот воздушен простор со една крстосувачка ракета, лансирана кон цели во западна Украина, соопштија полските вооружени сили.

    „На 24 март, во 04:23 часот,  полскиот воздушен простор беше нарушен со една од крстосувачките ракети со долг дострел лансирани во текот на ноќта од Военото воздухопловство на Руската Федерација. Објектот влегол на полска територија во близина на градот Осердов и останал во воздушниот простор 39 секунди. Во текот на целиот лет бил набљудуван од воени радарски системи“ – соопштија полските вооружени сили на платформата X.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img