More

    Поефикасна администрација со кратење на институциите, но и на функциите, најави Александар Николоски

    spot_img

    Со измените во Законот за организација и работа на органите на управата скративме доста институции. Идејата ни е да правиме и второ кратење на директорски места, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма.

    – Точно е дека го скративме бројот на институции во државава за околу 20%  и дваесеттина проценти на условно кажано, функционерските позиции – истакна Николоски.

    Николоски укажа дека кратење ќе има во делот на таканаречени економски директори.

    – Значи, во болниците нема да има по двајца директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа ќе има само еден директор за цел клинички, ФЗО ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден не по двајца директори – кажа Николоски.

    Николоски информираше дека со формирањето на нови министерства се кратат и неколку агенции.
    – Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации таму ќе има сериозна истрага и бројни други институции – изјави Николоски.

    Сумирајќи ги реформите кои водат кон поефикасна работа, Николоски укажа дека со тоа идејата е да се намали и бројот на вработени и да има ефикасна администрација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img