Поднесени се уште пет обвиненија против Шон Диди Комбс

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поднесени се уште пет обвиненија против Шон Диди Комбс. Адвокатот Тони Базби поднесе нови тужби во кои тужителите, кои останаа анонимни, тврдат дека Комбс сексуално ги нападнал и ги силувал во различни инциденти помеѓу 2000 и 2022 година.

Меѓу тужителите има двајца мажи и три жени, од кои едната тврди дека имала 13 години кога Комбс ја силувал.

Во една тужба, жената тврди дека во 2000 година, кога имала само 13 години, била поканета од возач на лимузина да присуствува на забавата за доделување награди на Ем-ти-ви, организирана од Комбс во Њујорк.

Откако го испила пијалакот рекла дека ѝ се спие и барала место за легнување. Комбс, заедно со уште две познати личности, една женска и една машка, дошол во собата во која таа лежела.

„Дали си подготвена малку да се забавуваш“, ѝ рекол Комбс.

Како што се наведува во обвинението, неименуваната машка славна личност потоа ја силувал додека продуцентот и неименуваната славна жена го гледале тоа. Потоа Комбс ја силувал додека двајцата гледале.

Покрај тоа, Комбс е обвинет и за дрогирање на еден маж и три жени, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Базби рекол дека планира да поднесе вкупно седум тужби, велејќи дека секоја тужба ќе зборува сама за себе и дека ќе работи за правдата да биде задоволена. Тој најави дека редовно ќе се поднесуваат нови обвиненија додека продолжуваат да се собираат докази против Комбс и други.

И покрај негирањето на сите наводи, адвокатскиот тим на Комбс останува уверен во неговата невиност и интегритетот на судскиот процес, нагласувајќи дека Комбс никогаш не нападнал никого сексуално. Неговото судење е закажано за 5 мај 2025 година, а моментално е во притвор бидејќи три пати му била одбиена кауција. Федералните обвинители истражуваат повеќе од 90 уреди запленети од неговиот имот.

- Advertisement -
Ad image

Да потсетиме, Диди е уапсен во Њујорк и е во притвор и се соочува со обвинувања дека сексуално напаѓал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога користејќи закани и насилство.

Share This Article