More

    Почнаа протестите за соборување на Еди Тама

    spot_img

    Националниот протест што вечерва се одржува во Тирана, главно минува во марширање, без обраќања, но со многу тензични моменти. Протестот го организира опозициската Демократска партија на Албанија , под мотото „Марширање кон Тирана – или сега или никогаш“, а целта е соборување на владата на Еди Рама.

    Учесниците во протестот кога стигнаа пред владата почнаа да фрлаат кон објектот со тврди предмети и молотови коктели, од кои се запали дрво. Имаше и судир меѓу нив и полицијата, поради што мораше да интервенира и единицата за брзо распоредување 2Шќипоња“, по што ситуацијата се смири.

    Протестот го предводеа генералниот секретар на партијата Фљамур Нока, координаторот на пратеничката група Газменд Барди и пратеници, а им се придружи и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател на земјата Илир Мета.

    Од пред владата демонстрантите минаа пред зградата на Парламентот, зградата на општина Тирана, покрај Врховниот суд, до седиштето на Социјалистичката партија.

    Таму беше најтензично. Насобраните се обидоа да влезат во објектот, при што дојде до судир со полицијата, која ги одби. Потоа демонстрантите почнаа да фрлаат пиротехнички средства и молотови коктели и изби пожар што зафати и големи билборд со ликот на Еди Рама. Интервенираше противпожарна единица, а полицијата ја разби толпата со солзавец.

    За безбедноста се ангажирани најмалку 1.500 полициски службеници од неколку сектори. Владата, парламентот, општина Тирана, МВР, други институции и седиштето на владејачката Социјалистичка партија беа под силно полициско обезбедување.

    Освен што носеа транспаренти, учесниците на протестот извикуваа „Рама оди си“, „техничка влада“ и „Сали Бериша“

    Попатно тие запалија и автобуска постројка и создадоа хаос во сообраќајот, не дозволувајќи да се движат возилата.

    Во изјава за медиумите Мета рече дека целта на вечерашниот протест е „уривање на режимот на нарко-државата и враќање на правдата“.

    – Луѓето се повеќе од револтирани и нивната реакција е јасна и ќе продолжи и понатаму сè до постигнување на целта – рече Мета.

    Со вечерашниот протест опозицијата го означи почетокот на граѓанската непослушност.

    Лидерот на демократите Сали Бериша, кој е во домашен притвор, преку социјалните мрежи, пред протестот, уште еднаш повика на масовност.

    – Денеска е историски ден за сите. Денеска почнува нашето патување до победа. Сите заедно против нарко-владата – порача Бериша.

    Според организаторот, на протестот имало „над 120 илјади народ од сите делови на земјата“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img