More

    Почна погребот на Раиси, огромна колона ги следи ковчезите на жртвите во несреќата

    spot_img

    Во Иран е прогласена петдневна жалост за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во неделата во хеликоптерска несреќа.  Во несреќата загина и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан.

    Официјалната погребна церемонија на шефот на државата и другите жртви ќе се одржи во Табриз, од каде подоцна телата на жртвите ќе им бидат пренесени во нивните родни градови.

    Ден на жалост за смртта на иранскиот претседател најавија и Турција и Пакистан.

     

    Хеликоптерот ја загубил комуникацијата додека се враќал во Табриз, откако Раиси присуствуваше на заедничкото отворање на браната со азербејџанскиот колега Илхам Алиев на меѓудржавната граница во неделата.

     

     

    По заминувањето од Табриз, телото на Раиси во вторник ќе пристигне во шиитската престолнина на Иран, Ком, пред да биде пренесено во Техеран. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ќе ја води молитвата на прошталната церемонија во Техеран во вторник навечер, пред големите поворки што треба да започнат утре наутро.

    Раиси потоа ќе биде пренесен во провинцијата Јужен Хорасан во четврток наутро, а подоцна во неговиот роден град Машад, каде што ќе биде погребан во четврток навечер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img