More

    Почина познатиот водител, ги интервјуираше Мухамед Али, Елтон Џон…

    spot_img

    Водителот Мајкл Паркинсон почина на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

    Како што пренесува Би-Би-Си, за време на телевизиската кариера која траеше седум децении, Паркинсон беше домаќин на некои од најголемите светски ѕвезди.

    „По кратко боледување, Сер Мајкл Паркинсон почина мирно дома, опкружен со своето семејство“, се вели во соопштението.

    Меѓу другите, во неговите емисии гостуваа Били Коноли, Мухамед Али, Елтон Џон, Мадона, Хелен Мирен…

    Паркинсон откри дека бил подложен на радиотерапија за рак на простата во 2013 година и дека две години подоцна лекарите му рекле дека третманот бил успешен.

    Првото „Паркинсонско шоу“ се емитуваше во 1971 година на Би-Би-Си, а гостин беше џез пејачката Марион Монтгомери. Шоуто првично се емитуваше 11 години.

    Тој се врати во Би-Би-Си во 1998 година и го продолжи Паркинсонското шоу. Вкупно, тој интервјуираше повеќе од 2.000 гости.

    Во една прилика откри дека од сите личности со кои разговарал, Мухамед Али му бил омилен.

    Роден е во 1935 година во селото Кадворт во Јужен Јоркшир. Тој беше награден со Орден на Британската империја во 2000 година, а титулата „Сер“ ја доби во 2008 година.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img