More

    Почина Македонскиот актер Димче Мешковски

    spot_img

    Сношти во Флорида, САД, каде што живееше долги години, почина познатиот македонски актер Димче Мешковски, на 77-годишна возраст.

    Во „Викенд на мртовци“ беше легендарниот Тасе, во „Солунски патрдии“ го играше Секула, а нѐ смееше и како дел од екипата на „Женски оркестар“, „Хихирику“ и многу други.

    Од скопскиот Драмски театар, патот го одведе близу до Холивуд, во Лос Анџелес…

    Медиумите пишуваат дека Мешковски имал здравствени проблеми со срцето.

    Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.

    Комеморацијата за почитуваниот актер Димче Мешковски ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март 2023 година со почеток во 12 часот.

    Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img