Режисерот Иван Рајтман, најпознат по блокбастер комедиите меѓу кои и „Истерувачи на духови“ (Ghostbusters), почина на 76-годишна возраст.
Американскиот режисер со словачко потекло Иван Рајтман починал мирно во својот дом во Калифорнија, соопшти неговото семејство.
„Семејството е скршено од неочекуваното заминување на сопругот, таткото и дедото кој нѐ научија секогаш да бараме магија во животот. Утеха наоѓаме во фактот што неговата работа им донесе смеа и среќа на многу луѓе ширум светот“, напишаа неговите деца.
Семејството на Рајтман се преселило од Чехословачка, а тој пораснал во Канада каде што се школувал како режисер, пренесува Би-би-си.
Покрај „Истерувачи на духови“, на листата на филмови што ги режираше се „Близнаци“, „Полицаец од градинка“ и други.
Рајтман е роден на 27 октомври 1946 година и бил филмски и телевизиски режисер, продуцент и сценарист.
ФОТО: Твитер