More

    По ковид-19 се зголемува ризикот од проблеми со срцето

    spot_img

    Долго по закрепнувањето од коронавирусот, луѓето се соочуваат со значително поголем ризик од нови проблеми со срцето, покажа големото американско истражување.

    Истражувачите на американското Министерство за воени ветерани ги споредија стапките на нови кардиоваскуларни проблеми кај 153.760 луѓе заразени со коронавирусот пред да бидат достапни вакцините со стапки кај 5,6 милиони луѓе кои не се заразиле со вирусот и уште 5,9 милиони луѓе чии податоци биле собрани пред пандемијата.

    Загрижувачки бројки

    Во просек една година по закрепнувањето од акутната фаза на инфекција, оздравените од ковид-19 имале 63 отсто поголем ризик од срцев удар, 69 отсто поголем ризик од проблематично неправилно чукање на срцето, 52 отсто поголем ризик од мозочен удар и 72 отсто поголем ризик од застој на отчукувањата на срцето и речиси три пати поголем ризик од потенцијално смртоносно згрутчување на крвта во белите дробови во споредба со другите две групи, се вели во извештајот објавен во списанието „Nature Medicine“.

    Зголемените ризици кај луѓето кои го прележале ковид-19 беа очигледни кај млади и стари, црнци и белци, мажи и жени, луѓе со и без дијабетес и со и без бубрежна болест, како и пушачи и непушачи, рече Зијад Ал-Али од Управата за здравствено осигурување на ветераните на Св. Луис и Универзитетот во Вашингтон во Св. Луис.

    Ризиците се високи дури и кај луѓето со благ ковид

    Ризиците биле високи дури и кај луѓето кои имале благ ковид-19 и не морале да бидат хоспитализирани поради тоа, напиша тој на Твитер.

    – Вирусот ковид-19 навистина не поштеди никого – изјави Ал-Али за Ројтерс.

    – Луѓето со ковид-19 треба да внимаваат на своето здравје и да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми како што се болка во градите, притисок во градите, проблеми со чукањето на срцето, отоци во нозете итн. – заклучи тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img