По 42 години во брак, Лазар и Даница Ристовски се разведуваат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По 42 години заеднички живот, драмските уметници Лазар Ристовски (69) и Даница Ристовски (66) одлучиле да стават точка на својот брак. Одлуката за започнување на бракоразводна парница никогаш не е едноставна, особено кај луѓе кои заеднички се формирале, растеле, се развивале и поминале долг пат на кој, покрај бројните професионални успеси, основале семејство и добиле два сина, Петар и Јован.

Проценувајќи дека ја потрошиле енергијата што ги врзувала со децении, сфатиле дека достоинствената разделба е најдоброто решение.

– Оваа тема за нас е тешка и не би било убаво да ја развлекуваме низ жолтиот печат. Сепак, ние сме двајца, ако можам така да кажам, големи и достоинствени уметници, кои стигнаа до крајот на заедничкиот пат, кои ќе си ги продолжат своите патишта и по официјалниот развод, а тие патишта секако ќе се испреплетат и повторно ќе се сретнат, но во една поинаков начин. Ние не се разделивме поради некоја друга жена или некој друг маж. Едноставно ја потрошивме енергијата што нѝ држеше заедно. Водени од конзервативните обичаи, можеби ќе можевме и понатаму да живееме заедно, за да се докажуваме, само не знам на кого, но секако е поздраво и попоштено што се одлучивме на овој чекор. Ние во последно време се гледавме со очи кои го изгубиле жарот, занесот и љубовта што нѐ грееше повеќе од 40 години – изјавил актерот во исповед за магазинот „Глорија“ и додал дека било тешко да се донесе таква одлука.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply