More

    Пленковиќ: Наскоро ќе се знае со кого ХДЗ ќе формира мнозинство

    spot_img

    Претседателот на ХДЗ Андреј Пленковиќ најави дека многу брзо ќе се знае со кого ХДЗ ќе формира мнозинство во Собранието.

    „Разговаравме со некои наши колеги самата изборна ноќ и денеска ги продолжуваме разговорите. Се оди добро, победниците ќе ја водат Владата на Република Хрватска и во третиот мандат“, напиша Пленковиќ на Фејсбук страницата на ХДЗ.

    Тој изрази и задоволство од изборните резултати.

    „Одлично е чувството, трета победа во низа, и убедлива, никој пред нас не успеа да го направи тоа! Ние сме многу задоволни, уништен е „митот“ дека високата излезност не одговара на ХДЗ“, рече тој.

    Резултатите од ДИП по обработката на речиси сите избирачки места покажуваат дека ХДЗ добива 61 мандат, а Реките на правдата собрани околу СДП добиваат 42 мандати.

    Движењето Татковина е трето со 14 освоени мандати, Мост добива 11, а Моземо! 10 мандати.

    ИДС и Независна платформа Север освоија по два мандата, како и коалицијата Фокус-Република.

    За парламентарно мнозинство потребни се 76 пратеници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img