More

    Пјонгјанг тестираше нови ракети со „супер големи“ боеви глави

    spot_img

    Северна Кореја соопшти дека претседателот Ким Џонг Ун го надгледувал тестирањето на 2 типа ракети – едната способна да носи „супер голема конвенционална боева глава“, а другата веројатно наменета за нуклеарна боева глава. Ким повикал на засилување на конвенционалното оружје и на нуклеарните способности.

    – Тестовите за подобрување на способноста за оружје се неопходни поради сериозната закана за безбедноста на земјата што ја претставуваат надворешните сили – рече Ким Џонг Ун, според севернокорејските медиуми.

    Севернокорејскиот претседател ја нагласи „потребата да се продолжи со зајакнувањето на нуклеарните сили и да се поседуваат најсилни воено-технички способности и супериорни офанзивни способности во областа на конвенционалното оружје, пренесе КЦНА.

    Вчерашните тестови вклучуваа нова тактичка балистичка ракета „Хвасонгфо-11-Да-4.5“ која е дел од серијата балистички ракети со краток дострел што ги развива, а некои од нив се верува дека биле извезени во Русија.

    Претставници на Киев и независни експерти рекоа дека има индиции дека некои од ракетите што Русија ги користела во војната против Украина се од севернокорејско производство. Ракетата беше монтирана со супер голема конвенционална боева глава од 4,5 тони, а тестовите вклучија и стратешка крстосувачка ракета која беше надградена за борбена употреба.

    Северна Кореја ги критикуваше воените вежби на јужнокорејската и на американската војска, вклучително и големата вежба спроведена ова лето.

    Сојузниците велат дека вежбите имаат одбранбен карактер и имаат за цел одржување на подготвеност против каква било „севернокорејска агресија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img