Од денеска јавното претпријатие „Нискоградба“ е со деблокирана жиро сметка и исто како Општина Охрид веќе нема долгови и ќе функционира отворено и ќе може да ги врши беспрекорно своите работни задачи како и да има многу нови инвестиции. Тој процес некаде во 2011 започна кога се формира за прв пат јавното претпријатие, 2 години го водеше локална самоуправа од СДСМ, во 2013 година значи за само 2 години во презедовме како локална самоуправа со еден милион и двеста илјади евра долг и веќе од денешен аспект после 2 и пол години, исто, на истиот принцип како што ја раздолживме општината, го раздолжуваме односно го одблокираме јавното претпријатие „Нискоградба“ , истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.