Петровска: Ќе продолжи помошта за Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, синоќа во Тема на денот, во Дневникот на Македонската телевизија, информираше дека е реализирана обука на украински војници во Северна Македонија, со што, како што рече, се потврдува нашата заложба за континуирана поддршка кон правото на Украина да се одбрани од руската агресија.

– Се понудивме и веќе ја реализиравме првата обука, првиот тренинг на украински војници кои успешно ја завршија обуката во Република Северна Македонија во објекти, во локации кои се сопственост на Армијата на Република Северна Македонија за што беше донесена соодветна одлука на Владата на Северна Македонија, а која од безбедносни причини ја соопштуваме откако таа заврши – истакна министерката Петровска.

Како што соопшти Министерството за одбрана, таа додаде дека ваквиот вид на поддршка и преку тренинзи и преку обуки кои се димензионирани согласно побарувањата на украинската страна ќе продолжи и во текот на 2024 година и сè додека за тоа има потреба.

– Северна Македонија се вбројува во првите пет држави од членките на Алијансата кои најмногу помош пружиле на украинската војска во отпорот и во борбата кои тие секојдневно ја имаат повеќе од една година – рече Петровска и порача дека нема да отстапиме од таквата заложба.

Од министерството информираат дека земјава досега во десет наврати донираше воена и хуманитарна опрема за одбрана на Украина од руската агресија.

Share This Article