More

    Петков: Нови избори во Бугарија би биле губење време

    spot_img

    Уште едни избори ќе бидат катастрофални и губење на историско време, изјави премиерот Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.
    – Видовме дека има храбри и одговорни луѓе и сега мора да се следи нивниот пример. Се фокусиравме да имаме 121 пратеник кои нема да се зависни, да нема кој да ја спречи промената во антикорупциската комисија, да нема кој да го запре буџетот. Радостин Василев и пратениците порачаа дека нивната лојалност е кон Бугарија. Сега прашање е да се следи нивниот пример со уште 7 лица – рече Петков, откако неколкумина пратеници од „Има таков народ“ на чело со министерот за спорт Василев, објавија дека ја напуштаат пратеничката група.

    Тој вели нема задкулисни игри и дека се разговара со многу луѓе за поддршка.

    – Ако немаме 22 предлог-закони до крајот на годината, губиме 12 милијарди од европски фондови, нема ажурирање на пензиите, младите семејства нема да добиваат дополнителни даночни олеснувања, цените на горивата продолжуваат ќе продолжат да растат и веројатно уште еден бран ковид доаѓа наесен. Уште едни избори ќе бидат погубни и губење историско време – порача Петков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img