Пет симптоми кои укажуваат на кламидија кај жените и мажите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кламидија е една од најчестите сексуално преносливи инфекции. Многумина го имаат дури и без да знаат, а причината за тоа е отсуството на симптоми.

До 80 проценти од заразените жени и 50 проценти од заразените мажи немаат никакви симптоми, што го отежнува откривањето и го олеснува пренесувањето на оваа инфекција.

Сепак, постојат некои суптилни знаци на кои треба да внимавате по незаштитен секс.

д-р. Ендрју Харт-Пинто, доктор од Ливерпул, објасни за JHP Medical на кои симптоми треба да внимавате.

Петте најчести знаци кај мажите:

– болка при мокрење

– необичен исцедок од гениталниот орган

– болка во тестисот

– чешање на уретрата

- Advertisement -
Ad image

– чувство на печење

Петте најчести симптоми кај жените се:

– болка при мокрење

- Advertisement -
Ad image

– невообичаен вагинален исцедок

– болка при сексуален однос

– крварење помеѓу менструацијата или после секс

– болка во абдоменот или карлицата

Во зависност од видот на сексуалниот однос, симптомите може да се појават и во други области.

Ако мислите дека имате кламидија, треба да се тестирате. Тие се брзи, лесни и безболни и вклучуваат вагинален брис или примерок од урина.

Резултатите ќе бидат готови за седум до десет дена.

Доколку тестот е позитивен, д-р Харт-Пинто објаснува дека процесот на лекување е едноставен, за таа цел се користат антибиотици.

Сепак, оин предупредува и дека штом ќе се излечите, може повторно да се заразите. Вашиот партнер треба да го добие истиот медицински третман, а вие треба да избегнувате сексуални односи една недела по заздравувањето на вашите контакти.

Доколку не се лекува, кламидија може да предизвика сериозни проблеми, предупреди д-р Харт-Пинто. Кај мажите, инфекцијата може да се прошири на тестисите, предизвикувајќи болка и оток, пишува „Сан“.

Share This Article