More

    Пет неработни денови во Мај

    spot_img

    Од денес учениците се на пролетен распуст, а многу граѓани веќе си го имаат испланирано времето поради многуте неработни денови оваа и следната недела.

    Во среда е 1 мај, неработен ден за сите граѓани, а потоа следува Велики петок кој е неработен ден за сите Христијани.

    За сите граѓани пак на нашата земја неработен е идниот понеделник, прв ден Велигден, а потоа следува уште еден неработен ден 8 мај, денот на избори во Македонија. Следниот неработен ден во овој месец е 24 мај (петок) кога се празнува „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители.

    Па така доколку не работите во сабота и недела, а имате останати денови од одморот со искористени 6 денови ќе можете да одморите дури 16 дена. Почнувајќи од саботата многумина ќе го искористат овој период, а на работа ќе се вратат тек в понеделник на 13 мај.

    Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

    За сите граѓани на РСМ

    01 мај (среда), Ден на трудот

    06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

    24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,

    02 август (петок), Ден на Републиката,

    8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

    11 октомври (петок), Ден на народното востание,

    23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

    8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

    За граѓаните од православна вероисповед

    03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

    21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

    28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

    За граѓаните од католичка вероисповед

    01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

    25 декември (среда), првиот ден на Божик.

    За граѓаните од муслиманска вероисповед

    16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

    22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

    За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ

    23 мај (четврток), Национален ден на Власите

    За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

    12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ

    28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

    За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

    21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img