Пејачот Дино Мерлин закажа четири настапи по ред во Белград, за ноември. Владее голем интерес за концертите, а билетите за нив набрзо беа распродадени.
Сепак, додека еден дел од српската публика со нетрпение го очекува доаѓањето на Мерлин во Србија, други сакаат да му забранат влез во земјата, поради наводен говор на омраза, пишуваат српските медиуми.
Видеоснимката е направено пред два дена, а се претпоставува дека Мерлин во тој период бил во Белград за да се договорат сите детали околу организацијата на самиот концерт кој е закажан за ноември.
Меѓутоа, сега се појави петиција со која се бара да му се забрани на босанскиот изведувач да одржува концерти.
Фотографијата на Дино со натпис „Непожелен“ и неговите изјави кои наводно шират говор на омраза, а кои никогаш не се потврдени, се достапни на веб-страницата peticia.online.
Дино Мерлин во неколку наврати негираше многу од наводите и изјавите што му се припишуваат.
„Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Толку многу работи што се пишуваа за мене сите овие години се целосно измислени“, изјавил Мерлин во 2011 година на телевизија „Прва“ во пресрет на првиот концерт, пренесува српски „Курир“.
Од 27 јули до денеска на петицијата се потпишале 21.763 лица.
„Закупот на арената за еден концерт е 25.000 евра, што значи 100.000 евра за четири настапи. Дури и кога ќе плати закуп и данок на доход, Дино ќе заработи дури 2.000.000 евра! Можно е да ја закажат петтата и шестата Арена, па ќе заработи многу повеќе – вели изворот за „Информер“.
ФОТО: Инстаграм