More

    Пејачката Бијонсе сите ги остави без здив во спектакуларната креација

    spot_img

    Една од најголемите светски музички ѕвезди – Бијонсе се врати на големата сцена со одличен настап во Стокхолм, каде што ја отвори својата најнова турнеја наречена „Renaissance“.

    Ова е нејзина деветта концертна турнеја, која воедно е и промоција на нејзиниот седми студиски албум. Обожавателите имаат огромни очекувања од популарната пејачка, а таа веќе ги освои срцата на многумина кога на настапот во Лондон се појави во фустан од познатата српска модна дизајнерка.

    Бијонсе пред два дена настапи во Лондон и како и секогаш беше облечена во спектакуларна креација, но посебно внимание го привлече кралскиот син фустан со потпис на српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.

    Креаторката ја сподели фотографијата на својот Инстаграм и напиша:

    „Ви благодариме г-ѓа Картер за овој прекрасен момент – навистина сум почестена! Неверојатната @beyonce во специјална РОКСАНДА за вечерта на отворањето на нејзината турнеја „Renaissance“ во Лондон  со многу емотивен настап и омаж на легендарната Тина Тарнер. Остварување на сонот, благодарам @karenlangleystylist, @taragreville и благодарам на мојот неверојатен тим – без вас оваа магија не би била возможна.“

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img