More

    Изјавата на Лепа Брена ја заинтригира јавноста

    spot_img

    Лепа Брена одново ја крена на нозе публиката со нејзината голема турнеја што ја организира во земјите во регионот. На новата турнеја на популарната пејачка на сцената се појавија и неколку нејзини познати колеги.

    Таа неодамна на сцената се појави со својот колега Здравко Чолиќ, што ја воодушеви публиката, а сега откри и дали некој од нејзините колешки ќе гостува на нејзиниот концерт во Подгорица.

    фото: инстаграм

    – Никогаш не сум носела гости на концерти. Цел живот, моите концерти се соло. За гостите – можеби ќе има, можеби не – изјави Брена.

    На прашањето дали можеби гостинка ќе и биде Светлана Цеца Ражнатовиќ, Брена искрено одговори.

    – Цеца сигурно не, сигурно работи, тоа е посебен ден за неа – изјави пејачката за Пинк.

    Инаку, врската на Цеца и Брена отсекогаш била интересна за публиката и за медиумите. Во медиумите често се пишувало дека двете пејачки не се во добри односи, но тие никогаш ништо не коментирале. Сега, изјавата на Брена дека Цеца „сигурно нема да гостува на нејзиниот концерт“ само ги подгреа шпекулациите за нивните односи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img