More

    Кејт Винслет му помогна на 11-годишно девојче да ја види поларната светлина пред да го изгуби видот

    spot_img

    Британската актерка Кејт Винслет испрати донација и остави порака за Лили-Реј Мерчант-О’Хенлон (11) на веб-страницата GoFundMe, поставена од мајката на тинејџерката, Ема Мерчант (45).

    На Лили-Реј, од Нотингем, во декември ѝ била дијагностицирана Старгардова болест, наследна состојба која предизвикува заматување на централниот дел на окото. Оваа состојба погодува еден од 10.000 луѓе, според Макуларното друштво, а тинејџерката користи бастун и учи Брајово писмо, пишува Би-би-си.

    Мајката на девојчето организирала собирање средства за да ѝ помогне на Лили-Реј да ги види „работите што сака да ги види“ пред да ѝ се влоши видот, а поларната светлина била на врвот на листата. Мајката и ќерката биле воодушевени кога добиле донација од 5.841 евра и лична порака од актерката.
    „Бевме шокирани. И двете плачевме“, изјави Лили-Реј. Таа додаде дека се надева дека ќе го види светот со нејзината мајка пред да ѝ се влоши видот. „Но, можам да имам само ментални спомени и мускулни спомени од сите различни искуства“, додаде таа.

    Ема Мерчант, извршен асистент и диџеј, рече: „Ние сме воодушевени. Да се ​​има некоја како Кејт Винслет… Не можам да објаснам колку ја почитувам оваа жена како актерка, а камоли сега како индивидуа и како жена. Толку е дарежлива. Испрати и убава порака“, откри таа.

    Кејт Винслет напишала во пораката: „Посакувам на Лили-Реј магични авантури за да може да направи многу посебни спомени! Со многу љубов, Кејт Винслет и семејството“. Донацијата за мајката значи многу, бидејќи таа самата не би можела да ја плати. Забележала дека видот на нејзината ќерка се влошува кога имала пет години – ѝ било тешко да чита на училиште.

    На девојчето во 2023 година ѝ била дијагностицирана јувенилна макуларна дистрофија, а семејството пред неколку недели добило потврда дека има Старгардтова болест. „Сега сѐ зависи од тоа што можеме да направиме заедно и како ќе ги зачуваме тие спомени. Сакам да живеам за денес. И двете живееме за денес“, рече мајката на девојчето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img