Пејач среде песна колабирал на сцена и починал

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бразилскиот госпел пејач Педро Хенрике (30) во текот на настапот паднал на сцената и пред публиката, според официјалните известувања, на лице место починал од срцев удар.

Педро Хенрике ја изведувал песната на религиозниот настан кој во живо се пренесувал на социјалните мрежи.

На снимката сè се гледа, како Педро ја изведува нумерата и одеднаш паѓа како покосен на сцената. Отпрвин никој не сфатил што се случува. Само било забележливо дека не му е добро. Членовите на бендот, откако Педро паднал, притрчале да му помогнат, но сè било залудно. Кога бил превезен во болница, само било потврдено дека несреќниот пејач починал.

 

Од издавачката куќа на пејачот рекле дека Педро доживеал силен срцев удар.

„Ова се тешки животни ситуации за кои нема објаснување. Мора да сфатиме дека божјата волја е посилна од нас“, рекле од издавачката куќа.

Пред да излезе на сцена, Педро рекол дека се чувствува многу изморено.

Педро зад себе ги остави сопругата и едномесечното бебе.

- Advertisement -
Ad image

Со музика се занимавал од својата трета година и бил многу талентиран.

Share This Article