Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфирије, денеска изјави дека по осум века непречено присуство на Косово и Метохија (КиМ), СПЦ не може да биде предмет на никакви политички преговори и договори за статусот на Косово и Метохија. .
Почитувањето и заштитата на човековите и особено верските права претставуваат универзална цивилизациска вредност и припаѓаат на сите“, рече патријархот Порфирије на средбата „Косово и Метохија, историја и културно наследство“ на Богословскиот факултет.
Тој посочи дека овие права не можат да бидат дел од преговорите за статусот и политичките договори бидејќи се имплицирани и гарантирани со меѓународни правни акти.
„СПЦ не може да прифати никаков правен и политички модел ако се противи на евангелието и неговото осумвековно постоење на Косово и Метохија“, рече Порфирје.
Тој повика на дијалог меѓу Албанците од Косово и Метохија.
„Во КиМ има место за сите и се уште има простор за дијалог за животите на луѓето“, истакна патријархот Порфирије.
Француско-германскиот предлог, односно европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, предвидува официјализирање на статусот на СПЦ на Косово и Метохија.