More

    Експертите очекуваат дополнителни казнени мерки против Косово

    spot_img

    Неуспехот на средбата на 14 септември може да има последици за Косово, сметаат меѓународни и локални политички експерти, пренесува КоССев.

    За Приштина Коха, експертите веројатноста за спроведување на дополнителни казнени мерки ја оквалификувале како голема, а причината е што посредникот во дијалогот ја сметал косовската страна одговорна за недостигнувањето договор, пренесува КоСсев. Според нивното мислење, тоа ризикува да ја поткопа позицијата на Косово на меѓународната сцена.

    Меѓународните и домашните експерти за политички прашања ја оценија можноста Косово да се соочи со последици при спроведување на дополнителни казнени мерки.

    Средбата на 14 септември во Брисел меѓу премиерот Аљбин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ заврши без резултати, а Европската унија го смета Косово за одговорно за неуспехот. А прашањето за отстранување или спроведување дополнителни мерки, според извори на Радио Слободна Европа од ЕУ, е поврзано со текот на дијалогот.

    Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека по состанокот во четврток, големи се шансите за дополнителни мерки, но додава дека за него тие би биле неоправдани.

    „Мислам дека тоа е веројатно, иако таквите мерки би ги сметал за неоправдани. Приштина даде разумен предлог за кој очигледно не се разговарало. ЕУ и Србија сакаат да разговараат за пристапувањето, без оглед на важните прашања за Косово. Ова нема да успее“, рече Сервер.

    Политикологот Дорајет Имери изразува загриженост дека мерките што може да се додадат на Косово ќе ја поткопаат неговата позиција на меѓународната сцена.

    „Потенцијалот за зголемување на казните од она што го кажаа овие официјални лица е релативно висок. Секако, овие мерки ќе имаат релативно големо влијание врз процесот на зајакнување на политичкиот субјективитет на Косово, а релативно голема е и можноста да се наштети на меѓународната позиција на Косово“, рече Имери.

    Тој изрази загриженост и за разликите во позициите меѓу ЕУ и Косово, изразени по последната средба.

    Поради ова, аналитичарот Висар Џани вели дека Косово мора да најде заеднички јазик и со европскиот блок и со САД, за да не биде казнета партија.

    „За Косово е важно да ја сфатиме оваа средба многу сериозно, да го третираме пристапот на ЕУ сериозно, бидејќи тоа може да има последици за иднината, но да се отвори патот за соработка и координација, за Србија да не продолжи да се гледа како страна која соработува и не се казнува, додека само Косово е казнувано“, рече Чани.

    ЕУ најави дека укинувањето на казнените мерки против Косово, наметнати поради неодамнешните тензии на северот населен со претежно Срби, зависи од напредокот на дијалогот и поврзаните консултации, што се очекува да ги одржат земјите-членки во наредните недели.

    Во четвртокот, на 14 септември, Косово и Србија не се договорија за редоследот на спроведување на договорот постигнат во Брисел и неговиот анекс договорен во Охрид.

    Планот за Косово не беше прифатен од Србија и ЕУ. Кога станува збор за консензусниот план што го претстави ЕУ, Курти рече дека тој е условен со спроведување на целиот договор со Заедницата на општини со српско мнозинство и исполнување на барањата на Србија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img