Партијата АКП ја задржа поддршката од граѓаните и по разорниот земјотрес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Партијата на правдата и развојот (АКП), во голема мера ја задржа поддршката од граѓаните по разорниот земјотрес од минатиот месец, соопштија денеска истражувачите на јавното мислење.

Врз основа на две анкети направени оваа недела, опозицијата не доби голема поддршка, делумно поради тоа што не именуваше кандидат на само два месеци пред изборите, а делумно затоа што нема „опиплив план“ за обнова на опустошените подрачја од земјотресот.

– Земјотресот не ја ослабна власта толку колку што очекуваше опозицијата – изјави претседателот на анкетната компанија „Метропол“, Озер Сенчар.

Податоците од анкетите на неговата компанија укажуваат дека сојузот на Ердоган со
Партијата за националистичко движење (МХП) е во водство, иако изгуби неколку процентни поени поддршка во споредба со јануари.

– Ердоган јавно ги призна проблемите во првите денови, бранејќи го одговорот на неговата влада и брзо вети дека ќе ги обнови домовите, што веројатно ќе му помогне да ја одржи поддршката од гласачите – рече Мехмет Али Кулат, претседател на агенцијата за истражување на јавното мислење – МАК.

Во анкетите спроведени по земјотресот, поддршката за сојузот на Ердоган со националистичката партија е меѓу 40 и 41 отсто, посочи Кулат.

Share This Article