Парис Хилтон зборуваше пред Конгресот за малтретирањето во интернатот

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Парис Хилтон зборуваше за злоставувањето што го доживеала во установата за лекување млади кога имала само 16 години. Таа изнесе шокантно сведоштво пред Конгресот на Соединетите Американски Држави во Вашингтон и повика на промена на програмата за грижа за децата, пишува „Си-ен-ен“. Документарецот на Нетфликс наречен „Програма: Измами, култови и киднапирања“ (The Program: Cons, Cults, and Kidnapping), исто така зборува за злоупотреба во институциите низ Америка.

– Кога имав 16 години, ме извлекуваа од креветот среде ноќ и ме транспортираа преку државната граница во првата од четирите установи за лекување млади. Тие програми ветуваа исцелување, промена и поддршка, но наместо тоа ми забранија слободно да се движам или дури две години да гледам низ прозорецот – рекла богатата наследничка.

– Насилно ми даваа лекови и персоналот сексуално ме злоставуваше. Насилно ме држеа и влечеа низ ходниците, ме соблекуваа гола и ме фрлаа во самица. Моите родители беа целосно измамени, излажани и манипулирани за нехуманиот третман што го проживував и тоа поради профит – додала таа.

 

Парис се појавува и во документарната серија која зборува токму на оваа тема и за морничавите институции кои и денес постојат во Америка, а се занимаваат со наводното превоспитување на проблематичните деца. Во серијата на Нетфликс „Програма: Измами, култови и киднапирања“, жртвите зборуваат за пеколот на злоставување низ кој поминале и како родителите се измамени да мислат дека ништо страшно не се случува меѓу ѕидовите на „училиштето“.

Парис рекла и дека смета дека младинските институции треба да бидат под поголем надзор. Таа доживеала трауми кои ќе ги има до крајот на животот. Зборувала со илјадници луше кои преживеале нешто слично.

Зад документарецот стои Кетрин Кублер, која престојувала на Академијата во Ајви Риџ, американска институција за „проблематични“ тинејџери која работела од 2001 до 2009 година.

- Advertisement -
Ad image

– Не се смеј. Немој да се гледаш во огледало – биле некои од безбројните правила на тоа училиште.

– „Програмата“ ја рекламираа како интернат за проблематични тинејџери, но тоа беше сè друго, освен тоа. Нивните начини на воспитување тинејџери беа, како што некои ги опишуваат, злобни – рекла таа.

Кетрин и нејзините колеги се придружиле на училиште, а наскоро им било кажано да не зборуваат, да не се смеат, да не комуницираат со надворешниот свет и да не излегуваат надвор. Училиштето функционирало и врз основа на системот на заслуги кои одредувале кој колку долго ќе остане во интернатот.

- Advertisement -
Ad image

– Третото ниво беше голема работа, бидејќи конечно дозволија телефонски повик, еднаш месечно и тоа со родителите. Но, персоналот го слушаше разговорот и ако кажевме нешто лошо за „Програмата“, тие го прекинуваа разговорот. Не можете да ја напуштите „Програмата“ додека не стигнете до шестото ниво, но тоа е невозможно да се достигне. Тие прават никогаш да не излезеш – рекла Кетрин.

Оние кои биле во училиштето тврдат дека страдале од недостиг на сон, дека биле гладни и сето тоа додека ги терале да прават вежби за издржливост. Персоналот им ги земал работите, не им давале никаква приватност и им одредувале какви фризури мора да носат.

Училиштето се затвори во 2009 година и никогаш не беше повторно отворено.

Share This Article